речник контакт

Ќе заживее ли тенисот во Велес?

Македонија загуби од БиХ, но велешкиот спорт доби со организацијата на тенискиот Дејвис куп.

Петар Печков

Организацијата на Дејвис куп натпреварот помеѓу  селекциите на Македонија и Босна и Херцеговина ја постигна целта откако интересот за овој спорт меѓу младите велешани нагло порасна. Откако неколку дена доаѓаа на тренинг  подоцна и на официјалниот натпревар, за прв пат да го гледаат овој спорт во живот, тие пројавиле интерес да започна и да тренираат.

Домаќинот, ТК Борец задоволен што велешките деца од екипните, ракомет, фудбал, кошарка, одбојка, кој беа бастион на спортот во градот, ќе започнат да  се бават со нов овој пат поединечен спорт.
      

Интересот за тенисот е видно зголемен.  Пред се децата, кои доаѓаа во салата Гемиџии почнаа да прашуваат каде тренираме, како да се зачленат, од каде да набават опрема. Благодарност до професорите од средните од основните училишта кои часовите по физичко ги реализира во салата каде учениците за прв пат можеа во живо да гледаат тенис, па макар и на тренинг. Ја остваривме нашата цел да го заживееме тенисот во градот. За само една седмица го направивме првиот чекор - вели Орце Ставревски член на раководството на ТК Борец.

Клубот постои три месеци, брои 50-тина члена, пред се од помладите возрасни  категории кои тренираат преку викенд во спортската сала на ОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, а термините максимално се користат. Ставревски кој е кум со македонската ракометна легенда Пепи Манасков, вели дека од истата  оваа сала, од  каде Манасков тргна да ја освојува Европа, очекуваат дека и некој велешки тениски талент ќе биде име познато во светот на белиот спорт. Сега од клубот стравуваат дека термините ќе им бидат целосно пополнети, па ќе немаат ни време ни простор каде ќе ги прифатат новодојдените членови.

Затоа бараме и добивме локација каде можат да се изградат два тениски терени со тврда подлога а со тоа ќе одговориме на  нашите зголемени потреби и барања. Во блиска иднина сакаме да изградиме уште два терени, да се заокружи комплексот со што би можеле да организираме меѓународни тениски турнири - вели Ставревски.

Тие есенва го организираа и првото отворено првенство во Велес, на кое победи Ѓоре Зафиров кој во финалето го победи Петар Брашнаров со 2:0. Во клубот очекуваат дека по викенд натпреварот помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина уште повеќе кај младите ќе има прилив на членови, со што е исполнета целта, популаризација на овој до пред десетина дена мртов спорт во Велес.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »