речник контакт

Адвокат физички нападнал колешка?!

Адвокат нападнал колешка во Велес откако и ги платил парничните трошоци, ја давел и удирал дознава ТРМР. Настанот е евидентиран во СВР Велес и тие работат на негово расветлување.

Петар Печков

 Инцидентот се случил во четвртокот на пладне во канцеларијата на адвокатката Н.П. причината ќе ја истражува полицијата. Во обид да се дознаат детали за настанот кои го привлече вниманието на јавноста во градот,  стапивме во контакт со двете страни, кој со различни видувања на настанот.  Адвокатката вели дека е нападната, нејзиниот колега негира било каков физички контакт.

Како и неколку пати претходно, колегата дојде да плати парнични трошоци за изгубен спор. Парите ми ги остави на маса а јас пишував признаница, за добиените средства. Кога му ја врачив, тој на брзина ги зема и парите од масата и тргна да си оди. Јас реагирав, да ги врати но тој скокна на мене, почна да ме дави, физички ме нападна. Добро е што во тој момент минуваше жена покрај мојата канцеларија која потрча да побара полиција а колегата Б.М. избега. Изненадена сум од нападот врз мене, бидејќи тој и претходно оставаше пари за изгубен процес, но беше културен и фин, немаше никаков проблем.

Овој пат најверојатно изнервиран од тоа што мора да плаќа, тој бесот од изгубениот процес го искали на мене и физички ме нападна, на еден лош и вулгарен начин, кој се граничи со примитивизам – вели Н.П. За неа е несфатлива ваквата реакција на колегата и додава дека ја осудиле сите нивни колеги адвокати од Велес. Таа случајот го пријавила во СВР Велес и очекува тој да добие судска разрешница со кривична пријава. Обвинетиот колега адвокат Б.М. негира дека воопшто ја допрел Н.П. и на било кој начин и го загрозил нејзиниот живот.

Како и во претходните два случаи, кога носев пари, така и овој пат отидов ги дадов парите, таа ми даде признаница. Кога тргнав да си одам, таа ме стегна за раката и ми побра пари, на што јас се зачудив бидејќи парите беа на маса, тоа и го кажав и си заминав. Ниту ја допрел, ниту ја нападнав, уште помалку да ја давам. Оваа сума што ја платив беше најниска во однос на претходните, кои беа трипати поголеми суми, така што нема да реагирам за толку мала вредност – изјави Б.М.  Добро упатените во овој спор објаснуваат дека Б.М. на колешката и плаќал пари за изгубен процес кој го водел против неговата мајка и можеби тука лежи проблемот и искрите на незадоволство кон адвокатката Н.П.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »