речник контакт

Балканските автопатишта: Патарината најскапа во БиХ и Хрватска, најевтина во Македонија и Србија

Возачите во БиХ плаќаат 0,061 евро по поминат километар на автопат, а во Македонија три пати помалку. Зошто ЕУ ги укинува вињетите од 2015 година?

Петар Печков



Највисоки цени за користење на автопатишта во земјите на регионот плаќаат возачите во Босна и Херцеговина, додека најевтини се патарините во Македонија, покажа истражувањето на агенцијата Анадолија.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина повторно ја зголеми цената на патарините за користење на изградениот дел на автопатот низ овој дел од БиХ во должина од 45 километри, а негодувањето на многу возачи, корисници на автопати, беше повод за истражување на агенцијата Анадолија за цените на патарините во земјите на регионот.

Цената на надоместот за користење на најдолгата релација на автопатот во БиХ Јошаница-Какањ, во должина од 45 километри, според одлуката на Владата на Ф БиХ изнесува од 5,4 конвертибилни марки КМ (2,7 евра) за прва категорија на возила, до 21,6 КМ (10.80 евра) за четврта категорија на возила. Гледано според цените на патарините на делницата Какањ – Јошаница, чија должина изнесува 45 километри, патарините во БиХ по километар во просек, за патнички возила изнесува 0,12 КМ, т.е. 0,061 евро, што е убедливо највисока цена во целиот регион.

Од друга страна, најевтина е патарината во Македонија каде таа изнесува 0,020 евра по поминат километар. Така возачите на делницата на автопатот Скопје – Петровец во должина од 25 километри, плаќаат 30 македонски денари, што е 0,49 евра.

По Македонија, најевтина патарина во регионот имаат во Србија, каде возачите плаќаат 0,035 евра по поминат километар. Така на пример, возачите во Србија за 450 километри користење на автопатот од Суботица до Ниш плаќаат 13,5 евра. Цената на патарината во Србија е меѓу најевтините во споредба со другите земји во регионот и пошироко и не се менувала од 2008 година.

Цената на патарината во БиХ е три пати поскапа од патарината во Македонија, додека возачите во БиХ плаќаат два пати поскапа патарина од таа која ја плаќаат возачите во Србија. Од останатите земји во регионот, цената на патарината по километар во Хрватска во просек е 0,055 евра. На пример, цената на патарината за 409 километри автопат од Загреб до Сплит чини 21 евро.

Исто така, во многу земји на Европа, ако се земе предвид високиот животен стандард на тамошните граѓани, тие како корисници на автопатиштата имаат можност по многу поволни цени да користат автопатишта со висок квалитет.

Така вињета (маркичка) за годишно користење на автопатиштата во Австрија чини 76,29 евра, а вињета за 10 дена користење на автопатишта во таа земја чини само 7,9 евра.

Исто така, неделна вињета за користење на автопатишта во Унгарија чини 6,5 евра, во Словачка седум евра и во Бугарија пет евра.

Цената на користењето на автопатишта во Турција е една од најниските во Европа. Така на пример, патарината на делницата од Истанбул до Анкара долга 480,6 км чини 15 евра, т.е. 0,039 евра по километар.

Експертите тврдат дека поради вињетите се создава привид на евтина патарина во некои земји, па во Европската унија се одлучија тие да се укинат во 2015 година.

 текстот е преземен од турската новинска агенција Анадолија

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »