речник контакт

Бива ли од шимпанзо човек?

Шимпанзото Ним Чимпски кое беше одгледувано како човек и меќу луѓето, починало од скршено срце тврдат по 12 години од смртта неговите тренери

Петар Печков

Во контраверзниот човечки експеримент од 70-тите години од минатите години, новородениот шимпанза наречен Ним Чимпски (пародија на името на познатиот лингвист Ноам Чомски) одвоен е од мајка му и одгледуван исклучиво меѓу луѓе. Во чисто научна смисла експериментот не испаднал лошо, но заврши трагично по главниот учесник.

 

Цел на експериментот беше да се утврди дали јазичката способност е вродена, односно дали мајмуните можат да научат да комуницираат со луѓето со јазикот на знаци.

 

Ним добро го совлада јазикот на знаци со кој се служат глувонемините и овозможи драгоцени увиди во психологијата и лингвистичките способности на нашите најблиски сродници. И покрај фактот што Стефани Лафарж во својот семеен дом во Њујорк го одгледуваше како и своите седум деца, а кога беше бебе дури и неколку месеци го доеше, сепак не стана ништо повеќе налик на човекот.

 

Кога почнал полово да созрева, стана љубоморен на сопругот на Лафарж и правеше хаос во нивното семејство, така што мораше да биде преселен на Универзитетот Колумбија.

 

Во меѓувреме живееше во духот на 70-тите: уживаше во брзо возење, пиеше пиво, повремено пушеше марихуана и стана медиумска ѕвезда, па се појави дури и на насловната страница на престижниот „Њујорк тајмс“.

 

На Универзитетот го чекаше многу помирен живот, посветен на науката. Под водство на студентката по психологија Лаура Петито совлада стотици нови јазични знаци, но со натамошното растење го менуваше и карактерот.

 

Иако се уште весел и приврзан за блиските лица, стануваше се повеќе агресивен. Нападна неколку луѓе кои го обучуваа, а самата Петито ја гризнал толку силно што морале да и стават 37 конци.

 

Херп Терес, професор по психологија на Универзитетот Колумбија кој сето време раководеше со експериментот, во тој момент одлучи да го врати на Институтот за проучување примати во Оклахома, од каде и го зема како бебе.

 

Првпат соочен со припадниците на сопствениот вид, Ним бил збунет и уплашен и имал големи проблеми да се приспособи. Полека се навикнувал со помош на негувателот Боб Ингерсол, својот омилен тренер и другар во игра,  но нештата повторно тргнале во лоша насока.

 

Институтот снемал пари, па Ним е сместен во една институција во Њујорк, каде е држан во тесен кафез и подложен на експерименти. Благодарејќи на неговата медиумска популарност, се формираше движење кое бараше да биде пуштен на слобода, па заврши на Блек Бјути ранчот во Тексас, засолниште за напуштени и злоставувани животни.

 

Без пријатели меѓу шимпанзата и луѓето, тука живееше изолиран и осамен живот, со повремени испади на бес и агресивност. Угина во 26-тата година, далеку од очекуваниот животен век за шимпанзо, кој изнесува и до 60 години. За тоа сигурно придонеле честите стресови, но неговиот тренер и другар Боб Ингерсол смета дека починал пред се од скршено срце поради тоа што бил одвоен од луѓето кои ги сакал.

 

Тоа мислење го изнесе и во новата документарна ТВ серија која од 20 декември почнува да се прикажува на Каналот HBO.

 текстот е преземен од  Блиц - Белград

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »