речник контакт

Блекбери: Од статусен симбол до срам

Сопствениците на некогаш популарните Блекбери мобилни телефони денеска се срамат од својот апарат

Петар Печков

Сопствениците на некогаш популарните Блекбери мобилни телефони денеска се срамат од својот апарат, а падот на продажбата е незапирлив.  Компанијата РИМ која ги произведува овие апарати сега држат помалку од пет отсто од америкaнскиот пазар, додека пред само три години го држеше половина пазар, пишува „Њујорк Тајмс“.

Блекбери некогаш го носеа луѓето кои беа на високи позиции, луѓе со моќ и припадници на елитата, се наведува во њујоршкиот дневник, додека денеска неговите сопственици се срамат да покажат дека и понатаму го поседуваат тој телефон.

- РИМ во првата половина на оваа година забележа загуби од 753 милиони долари, додека во истиот период лани заработувачката изнесуваше милијарда долари, истакнува „Тајмс“ и додава дека падот се гледа и по тоа што новата генерална менаџерка на Јаху Мариса Мајер одлучила на вработените во таа компанија службениот Блекбери телефон да им го замени со Ајфон и андроид апаратите.

- Блекбери можеби се уште се наоѓа во Вашингтон, Вол Стрит и државните кругови, но во Силициумската долина стана ректост, додаде њујоршкиот весник.

И другите големи компании како што се Голдман Сакс или адвокатската фирма Ковингон енд Барлинг, им понудија на своите вработени користење на АјФонa наместо Блекбери.

Дури и во Белата куќа, каде Блекбери долго беше еден од телефоните кој е користен, првенствено од причина за безбедност, сега оставаат можност за iајФон.

Дека некогашниот престижен апарат Блекбери се спушти на ниски гранки, потврдува за „Тајмс“, Викторија Госаж, млада жена која работи на њујоршката берза.

- Бев во еден престижен клуб за одмор во Њујорк и побарав полнач. Рецепионерот рече дека нема проблем, но кога го виде мојот Блекбери само замавна со главата велејќи „а не, за тоа немеме полнач“, го раскажа Госаж своето искуство.

Музичарот од Лос Анџелес, Крејг Роберт Смит смета дека корисниците на Блекбери денеска се сличи на корисниците на Мај спеис. Бизнисменот од Сан Франциско, Рајан Хуто вели дека се повеќе зависи од други, кои ги прашува за спортски резултати, навигации или симнување музика, се што му е проблем да направи со својот Блекбери.

- После две-три прашања почнувам да ги иритирам луѓето, се жали Хуто.

Вљубениците во Блекбери и покрај се, велат дека тој телефон поради својата физичка тастатура и натаму е без конкуренција.

- Не би можел да чукам мејлови и пораки на телефоните кои имаат екран на допир. Се прашувам што е толку добро околу ајФон, а сопствениците на тие телефони ми спомнуваат некои глупави апликации кои ги имаат, а и онака не ги користат, рече 32-годишниот Ленс Фентон.

РИМ сега најголема надеж влева во излегувањето на својот нов Блекбери 10, кој на пазарот треба да се најде во првото тримесечие на наредната година.

тексто е преземен од Њујорк тајмс

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »