речник контакт

Борец Брако - АБА Струмица 3:0

Велешани со уверлива победа, во последното коло, застанаа на второто место од каде оптимистички тргнуваат во разигрувањето за првак на Македонија

Петар Печков

Одбојкарите на Борец Брако со максималната победа од 3:0 (20, 18, 21) против екипата на АБА Струмица,  го освоија второто место на прволигашката табела со што  директно се пласираа во  разигрувањето за титулата првак на Македонија. 

Во дербито од последното прволигашко коло, велешани уверливи на домашен терен и ниту во еден момент не дозволија струмичани да се надеваат дека  можат да освојат два сета, кои ќе им значеа останок на второто место, првото одамна го обезбеди тетовска Шкендија.

Така овие две екипи ќе бидат слободни во првата фаза од разигрувањето кога за плеј-оф ќе играат екипите од третото до шестото место.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »