речник контакт

Борец – Пелистер – 21:21 ( 10:11)

Борец за 50 секунди ја прокоцка предноста од два гола. Одлична атмосфера во салата Гемиџии

Петар Печков

Ракометарите на Борец ја прокоцкаа победата, откако во последните 50-тина секунди, примија два гола па Пелистер во дербито на есента останаа непоразен.  Финишот од средбата на нозе го пречека двеилјадната публика во салата Гемиџии. Тие веќе ја славеа победата на нивната екипа, која во 59-тата минута водеше со 21 : 19, но битолчани не се предадоа .

Прво намалија на еден гол предност 21:20 на триесетина секунди до крајот,, за домашниот ракометар Милосављевиќ, кој дотогаш не упати ниту еден удар кон противничкиот гол се реши на соло игра, направи пробивање а судиите ја одзедоа топката. Во брза контра, Жујовиќ тргна сам и од 9 метри со звукот на сирената постигна гол за израмнување и голема радост на гостите а замолчување на домашните навивачи.  Двете првопласирани екипи од Супер ракометната лига имаа свои минути, велешани во првото полувреме  кога со серија брзи контра напади за пет минути направија разлика од 4 гола 15 минута 9:5.

Потоа имаа пад во играта и цели  9 минути не постигнаа гол па Пелистер израмни на 9:9 а во финишот од полувремето и поведе 11:10, со кој резултат се замина на одмор. Тие највисоката предност ја имаа во 45-тата минута - водеа со 18:15,  во кој период  поради повреда не играше  домашниот ракометар Димитриевски. Со неговото влегување Борец  ја подобри играта и во 54-тата поведоа со 19:18 а битолчани цели  11 минути беа без гол, се до 56-тата кога намалија на 20:19. Затоа пак беа прецизни во последната минута, кога  на Борец му ја украдоа победата од пред нос.

Така велешани за една седмица, по Свети Николе со Овче Поле и сега со Пелистер,  одиграа два пати нерешено и ги испуштија победите во последните мигови. Во редовите на Борец   Шалевски постигна 7 гола, четири од седум метри, и по четири Игнов и Лазов, додека кај Пелистер Унчанин имаше 6 а Јанкуловски пет гола.

Во салата Гемиџии  одличната атмосфера,  натпревар кој беше  без ниту една искра и тензија, а навивачите на двете екипи Гемиџиите и Чкембарите,  крајно спортски и коректно ги бодреа нивните екипи, па бројната полициска екипа немаше работа. Борец реализираше 4 од 6 седмерци, Пелистер еден до два, а домаќините имаа 8 минути исклучување, додека гостите 12 минути.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »