речник контакт

Борец – Пелистер 23:32 ( 8:17)

Без многу мака битолчани дојдоа до трите бода во Велес

Петар Печков

Првенствениот  натпревар за Пелистер против Борец кои настапи    без петмина  стандардни првотимци  и без спонзор, беше само лесен тренинг за битолчани. Тие постојано беа во водство кое највисоко беше во 40-тата минута 23:10 за да потоа и велешани имаат свои минути и со серија од 11:5 намалат на седум гола предност.

Таа Пелистер  ја одржуваше до крајот на средбата за победа и три бода. Во нивните редови најефикасни беа Михаил Петровски со 8 и Васко Димитровски со 7,  додека кај велешани Ивица Лазаревски со 7, младиот  средношколец Кире Мачавелов со 6 и голманот Душко Крстевски со 17 одбрани.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »