речник контакт

Борец – Пролет 28:27 ( 11:13)

Старт над очекувањата за ракометарите на Борец, две победи по три кола од првенството во Супер лигата

Петар Печков

Нова победа за велешките ракометари, во натпревар во кој двете екипи имаа по едно полувреме. Решавачката предност домаќините ја создадоа  во првите 10 минути од второто полувреме, откако негативата од минус два 11:13 ја анулираа и поведоа со 20:17 во 40-тата минута.

Тоа водство го одржуваа до финишот од средбата кога скопјани успеаја да стигнат на 28:27 на 12 секунди пред крајот за Борец ја изгуби топката а 6-те преостанати секунди не беа доволно за успешен напад и  за израмнување на екипата на Пролет.

Кај Борец голманот Крстевски со 17-те одбрани и Василевски со 8 и Илиев со 7 постигнати гола беа ракометарите кои го решија победникот, додека кај пролет Илиевски постигна 7 гола.

Натпреварот се одигра во салата Гемиџии, пред илјада гледачи, кои присуствуваа и на еден инцидент, кога гледач од публиката упати пластично столче кон теренот, а тоа заврши во главата на 13-годишо момче од Велес, кое седеше во првиот ред, и мораше да биде пренесено во Болница  облеано во крв, за да му се укаже помош.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »