речник контакт

Борец – Тинекс Пролет 26:23 ( 14:13)

Со оваа победа ракометарите на Борец остануваат на второто место од Супер лигата

Петар Печков

 Во заостанатиот натпревар од 7-то коло на Супер лигата во ракомет  Борец забележи сигурна победа, иако  крајниот резултат не е одраз на настаните на теренот.

Велешани веќе во осмата минута имаа уверливи 6:0. Публиката очекуваше дека домаќинот ќе  ја зголемува разликата,  но  ракометарите на  Тинекс Пролет ги анулираа во 27-та минута 12:12. Во второто полувреме одлични 20 минути за Борец, кога  направи серија од 10:3 и во 49-тата имаше  највисоко водство од 24:16.

Потоа, откако во еден моменти од последните десет минути на средбата,  домаќините имаа само тројца играчи во поле, скопјани знаеја да ја казнат ваквата ситуација и во 27-та намалија на 22:25, која предност Борец ја сочува за нови три бода и задржување на второто место од табелата. 

Кај Борец  Шалевски имаше 7, Илиев 5 а Милосављевиќ постигна 4 гола. Кај Тинекс Пролет Стефанов постигна 5 а по 4 имаа Петрушевски и Серафимовски.  Средбата се одигра во салата Гемиџии пред илјада гледачи. Исклучувања Борец 14, Тинекс Пролет 6 минути. Седмерци 2/3 Борец, 2/5 Тинекс Пролет

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »