речник контакт

Грешка која може да се исправи?

Младинскиот парк недостапен за лицата со посебни потреби и децата во колички

Петар Печков

На неодамнешниот првоаприлско -велигденски хепенинг во Младинскиот парк излезе на површина голем проблем со кој се судруваат дел од посетителите за кој, овој простор е наменет. Нема пристапни патеки за луѓето со посебни потреби и за малите деца кои се во количка.

Мачно беше да се гледа како бројните мајки мораа да ги симнат во Младински или потоа се качат на улица, нивните деца кои се во количка. Уште понепријатна беше сликата кога требаше бројните гости на штандот на Здружението на родители на деца болни од церебрална парализа да си заминат од Младинскиот парк. Мораа да ги молат минувачите физички да им помогнат да ги качат децата во количките по скалилата.

Ова го отвора прашањето како можеше претходната гарнитура на локалното раководство при проектирањето да се изостават пристапните патеки наменети за оваа популација. Згора на тоа Младинскиот парк е место за одмор на велешани а оваа категорија сега е хендикепирана, бидејќи просторот не им е достапен. И ќе има ли храброст сегашното раководство да ја исправи грешката и изгради пристапни патеки кон Младинскиот парк.

 На тој начин нема да се уништува зеленилото околу скалите, на кој начин за да се избегнат маките, родителите го решаваат проблемот. Од Здружението на родители на деца болни од церебрална парализа реактивирање на барањето за изградба на пристапни патеки.

Секако ја поддржуваме идејата да се изградат овие патеки, кои на децата со церебрална парализа ќе им овозможи да го користат просторот а не само од улица да го гледаат. Своевремено кога се градеше посочувавме на ваквиот проблем а одговорот што го добивавме  беше дека ќе се наруши визуелниот изглед. Штета и жално што сега Младинскиот парк е недостапен за овие лица – вели Далиборка Златева претседател на Здружението.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »