речник контакт

ЕВН - ЈКП Дервен 150 : 50

Ова не е спортски резултат, туку колку дрвја се исекоа или ќе се исечат во велешко.

Петар Печков

Повеќе од стотина зимзелени дрјва во подножјето на ридот Св.Илија кај Велес се исечени за да може до неговиот врв да се донесе струја. Велешки екологисти се затечени  и изненадени од овој зафат на ЕВН за кој сметаат дека е неплански бидејќи низ шумата е направен коридор од исечени борови, елки, чемпреси. По  неговата должина е поставен електричен далновод кој со електрична енергија  ги снабдува предаветелите на мобилните компании кои се подигнати на самиот врв од ридот.

Ова е уште еден  пример на несовесност и деградација на животната средина во Велес. Надвор од памет  е сечењето на дрва кои на градот му се повеќе од неопходни, кога истите се со години трпеливо засадени и одгледувани, за да му обезбедат каков таков квалитетен воздух на загадениот град – велат велешките екологисти. Тие бараат надлежните инспекции да проверат дали сечата е легална, но и ЕВН без оглед дали за постапката е почитувана процедурата, да засади трипати повеќе млади садници од исечените.

Од ЕВН потврдуваат дека тие  исекле околу 150 дрвја, стари  двесет и повеќе години во месноста Св.Илија кај автопатот Скопје – Гевгелија, но дека тоа било планска сеча со дозвола од надлежните.

Стручни лица од шумското стопанство „Бабуна" од Велес, по договор со  ЕВН, ги одбележале дрвјата кои требало да бидат исечени. Тие биле  пречека за поставување на далноводот но и опасност  во натамошниот  период да предизвикаат пожар при евентуално искрење на жиците, па  морало да бидат исечени. Предходно, според договорот велешкото шумско стопанство се обврзало за исечените дрва да засади нови на голините на ридот Свети Илија - изјавија од ЕВН.

Истовремено ЈКП Дервен најави дека во наредниот период во Градскиот парк ќе исече 50-тина стебла од деградирани, деформирани и исушени стебла кои се опасност по минувачите и посетителите на овој простор.  Некои од нив од силниот ветер деновиве се срушија и уништија дел од  ѕиданата ограда на Градскиот стадион. Исечените дрвја, засадени прд 50 години,  локалната власт ќе ги намени за огрев на социјалните случаи за наредната  грејна сезона. На нивно место ќе се засадат нови садници.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »