речник контакт

Жените на Борец победија со 13:0, мажите на дното

Кошаркарската екипа во дербито славеше за останок на врвот. Ракометарите нерешено во Богданци

Петар Печков

Спортскиот викенд зад нас беше со променливи резултати.

Женската екипа на Борец со високи 13:0 ја совлада последно пласираната екипа на Билјанини извори, актуелен првак. Резултатот доволно говори за надмоќта на велешанки над слабата гостинска екипа. Женската екипа е четврта во оваа конкуренција. 

Машката екипа на Борец со пораз се врати од гостувањето во Скопје, против истоимената екипа. Велешани загубија со 3:1 и се претпоследни, без многу надеж дека ќе стигнат до позиција која ќе ги спаси од излегување од Втората лига.  

Одбојкарките на Борец Брако на домашен терен загубија од екипата на Јанта Волеј од Скопје со максимални 3:0 ( 15,24,15). Борец по 12 кола е шести со 10 бода.

Најважната победа овој викенд ја реализираа кошаркарите на Борец Баскет кои ја совладаа екипата на Баскет  Дино со 81:79 со што се на чекор до пласман во Втората лига.

Тие се први со 15 года, два повеќе од екипите на Баскет  Дино со кого играа и од екипата на Михајловски на кому му гостуваат в недела.

Во Првата лига ракомет, мажите во Богданци извадија нерешено со  Младост 09 23:23, полувреме 12:12. Женската екипа пак загуби во Скопје од Ѓорче со 27:12 полувреме 12:5.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »