речник контакт

Женската екипа на Борец победи со 15:0 !!! Mашката загуби од претпоследниот на табелата???

Жените подобри од ланскиот првак, кај мажите 11 Октомври - Борец 1:0

Петар Печков

Дожд од голови на женската екипа на Борец која во Охрид славеше. И тоа против актуелниот првак Билјанини извори и тоа ни со повеќе ни помалку туку со 15:0.

Ако се има  предвид дека во првото коло велешанки победија во Тетово против исто така ланскиот кандидат за првак, трето пласираната Единство со 5:2 а дома во второто коло славеа со 5:0. Очигледно женската екипа на Борец е во топ форма и главени кандидатки за првото место.  

Во Прилеп машката екипа на  Борец загуби со 1 : 0 од  11 Октомври, која е претпоследна на табелата и до оваа средба имаше само еден бод. Ова доволно илустрира за можностите на екипата, за  која раководството најавуваше борба за прво место. Се носеа фудбалери за да сега се игра со скрпен подмладен тим.  А по шест кола Борец е седми со девет бодови.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »