речник контакт

За кого највисоките општински признанија?

Иако одборот за општествени дејности, безмалку во илегала работеше на составување на листата на кандидатите за општинските признанија, ТРМР успеа да стигне до листата на кандидирани лица.

Петар Печков

Иако одборот за општествени дејности, безмалку во илегала работеше на составување на листата на кандидатите за општинските признанија, ТРМР успеа да стигне до листата на кандидирани лица. Последниот збор за добитниците ќе го има Советот на седницата в понеделник.

Познати се имињата на лицата кои се кандидирани за општинските признанија, за животно дело „Гемиџии“ и „9-ти Ноември“.

За наградата „Гемиџии“ канидидати се:

  1.  Димче Бегинов - музичар
  2.  Борис Поп Ѓорчев - новинар
  3.  Кире Димитриевски - лице со хендикеп
  4. Павлина Климкар Меанџиева - поетеса

За наградата „9-ти Ноември“ кандидати се:

  1. Ангел Љутков - тренер
  2. Јордан Маневски - пеач
  3. Спортски центар за боречки спортови „Бушидо“
  4. Одделението за трансфузиологија при ЈЗУ  Болница Велес
  5. Златко Панчевски - за научен труд
  6. Славјанка Љуткова - поетеса
  7. Учениците од 3-то оддление при ОУ Рајко Жинзифов за награда на меѓународен конкурс
  8. Јорданчо Бајрактаров - извидник
  9. Стрип Центар - Велес
  10. Државен Архив - Велес
  11. Киро Атанасовски - претседател на стрелачка федерација

Наградите и признанијата ќе бидат доделени на Денот на општината 9-ти Ноември.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »