речник контакт

Зошто дел од младите велешани пуштија мустаќи месецов? МОВЕМБАР е причината

Ова светско движење во ноември ја подигнува свеста за здравствените проблеми кај машката популација, рак на простатата, на тестиси. Ете зошто дел од машката популација во градот пушти мустаќи месецов

Петар Печков

Movember  e кованица од зборовите збор од мустаќи и  месецот  Ноември. Тоа  е годишен, едномесечната настан на кој учествуваат  исклучиво мажи преку одгледување на мустаќи во текот на месец ноември. Цел е  да се подигне свеста за здравствени проблеми кај машката популација, како што се рак на простата, на тестиси и други машки  проблеми. 

Movember има за цел да се зголеми  раното откривање на ракот,  негова дијагноза и ефикасни третмани  со што на крајот ќе се намали бројот на случаи и да  се  спречат  тие да завршат смртно. Покрај одењето  на годишен преглед, Movember Фондацијата ги поттикнува мажите да бидат свесни за  било каква семејна историја на рак и да придонесе  за поздрав начин на живот .

Во 2012 година , Глобалниот весник  го наведе Movember како една од првите 100 невладини организации  во светот .  Movember движење има и во Велес. Честитки за нивната одлучност во подигањето на јавната свест за здравствените проблеми на машката популација.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »