речник контакт

Изгоре БМВ пред црквата Св.Спас

Одбил да плати рекет од 3 илјади евра па му го запалиле автомобилот

Петар Печков

Инцидентот се случил утрово во 4 часот  на паркингот кај црква Св. Спас. Велешанецот Јованче Трајчевски смета дека без причина го оштетила криминална банда од Велес при што му изгоре автомобил БМВ  вреден 20 илјади евра.

Тој посочува на две лица  кои неколку месеци му се заканувале и му барале три илјади евра, но тој не им ги дал. Велешката  полиција  работи на случајот.

Ја пронашле кантата со бензин со кој бил потпален автомобилот а има и осомничени. Освен возилото на Трајчевски оштетено е и друго возило марка  ауди, кое се наоѓало во близина на изгореното БМВ, при што претходеле две експлозии.

Трајчевски, сопственикот на БМВ-то, пред година и пол, минатогодишниот март беше уапсен од велешката полиција под сомнение дека е дел од т.н. Франјфуртска мафија но беше пуштен во недостиг на докази.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »