речник контакт

Каде се клупите?

Во паркчето кај Автобуска преку ноќ снема десет клупи, каде исчезнаа?

Петар Печков

 Велешани кои живеат ,,отспротива,,, се жалат што во паркчето кај Автобуска за кратко време ги снема клупите. За нив тие се украдени и бараат локалната власт да постави нови.

 Десетина клупи каде овие летни вечери седевме и се дружевме, ги нема. Дали некој ги украде или друг ги зема, не знаеме, но знаеме дека ни требаат.  Мислиме дека сега красат нечиј двор. Нема каде  да се седи, да се одмори - велат постарите велешани од десната страна на градот.

 Останати се само неколку клупи на кејот, додеке тие што беа во паркчето ги нема. Овие клупи им се неопходни во летната вечер тука покрај Вардар да здивнат, се дружат и помуабетат.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »