речник контакт

Каде се паркинзите од новите згради во центарот?

Велешани лути што новите згради во центарот не го решиле најболното прашање, паркинг простор, но што вели Законот. Има ли иднина за катна гаража во центарот на Велес.

Петар Печков

Најчесто поставувано прашање кое велешани го повторуваат во текот на работната седмица е каде се паркинзите од новите згради во центарот на градот? На улицата Гоце Делчев се изградија повеќе станбено -деловни објекти. Во и онака претрупаниот центар, сега е вистинска добитна  комбинација да се најде место за паркирање. Посебно што во овие објекти се отворија повеќе банки, адвокатури, агенции, нотари, адвокати, покрај постојните и со најголемиот корисник Основен суд...

Сите старо нови  корисници сега се судруваат со проблемот на паркинг простор, бидејќи тој пред Основниот суд е со одамна надминат капацитет од педесетина коли. И затоа велешани прашуваат каде се паркинзите за новите згради кои тие се должни да го изградат заедно со објектот. Одговорот  за како е решено ова прашање доаѓа од локалната власт, чии што стручни служби се надлежни за негово решавање.

Со постојната законска регулатива, овие нови згради подлежат на старото решение, тие да не градат паркинг простор туку да го понудат најблискиот. Со промената на ГУП од 2006-та се предвидува секоја нова зграда да има свој паркинг простор и решение. Но бидејќи не се променети ДУП во овој дел на градот, на улицата Гоце Делчев која се уште се води како шеталиште иако одамна таа намена не е таква,   важи дека инвеститорот како решение за паркинг може да го понуди најблискиот простор, а за жал  таков нема. Точно дека тој паркинг е премал да ги прими нараснатите потреби на велешани, но тоа е согласно законските решенија. И така ќе биде се додека не се промени ДУП. За разлика од тоа во другите делови до градот имаме поинаква состојба,  новите згради кои се градат на две локации на улица Тодор Јанев и на Бане Андреев Ронката    се со сопствен паркинг простор и без тоа не можат да се одвиваат градежните активности  – велат од локалната самоуправа на општина Велес. 

Како можно решение за паркинг просторот во центарот на градот подолго време се зборува за катна гаража, иако малку конкретни чекори се преземаат. Еве мислење од архиект, кој сакаше да остане анонимен.

Катната гаража било д се гради со општински средства или јавно- приватно партнерство е економски неисплатлива. Анализата покажува дека паркинг простор се бара во терминот од 8 до 15 часот, потоа интерес нема, може да се најде слободен паркинг простор. Сабота и недела, или викенд исто така нема таква фреквенција на автомобили во центарот на градот, каде се лоцирани банките, осигурителни друштва, судот, адвокати, нотари и другите . Затоа да се гради катна гаража за искористеност  само третина од денот е неисплатлива инвестиција и мислам дека нема да има иднина во градот – вели соговорникот архитект.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »