речник контакт

Како да им ги собереме парите на српските туристи?

За два дена во Велес гости беа српскиот и францускиот амбасадор. Првиот со мисла како неговите сограѓани да остават пари додека одат на одмор во Грција и Турција, другиот да го популаризира францускиот јазик.

Петар Печков

 Во работна посета на Велес престојуваше новиот српски амбасадор во Македонија, Томислав Ѓурин. Тој при посетата изрази надеж дека ќе се најде начин српските  туристи, кои годинава по визната либерализација ќе летуваат во Грција и Турција, дека ќе застанат на час одмор во Велес и ќе ги посетат неговите бројни културни споменици и објекти.

Според пресметките на српската амбасада, тие очекуваат годинава два милиони нивни граѓани годинава како туристи да минат низ Македонија, лани ги имало еден милион.    

Во посета на Велес престојуваше и францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже, кој пак се погрижи за францускиот јазик и негова поголема  локална афирмација, преку пеење пригодни француски шансони.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »