речник контакт

Како е одбележан Денот на планетата Земја?

Во фабриката за рециклирање на пластика „Еко-ерас“ со пуштање на нова современа машина за обработка на пластичните шишиња беше одбележан Денот на планетата земја 22-ри април.

Петар Печков

Во фабриката за рециклирање на пластика „Еко-ерас“ со пуштање на нова современа машина за обработка на пластичните шишиња беше одбележан Денот на планетата земја 22-ри април. Сопственикот гордо вели дека периодот колку што постои е најголемиот промотор на чистата животна средина преку отстранување на пластичната амбалажа.

- Работиме две години и од фабрика која преработуваше два тона дневно денес преработува десет тони пластика. Инвестицијата на фабриката е половина милион евра, имаме 18 откупни пункта во исто толку града низ Македонија со 600 откупувачи или исто толку фамилии кои живеат од собирање на стара пластична амбалажа - изјави Латиф Беаз сопственик на првата и најголема фабрика за рециклирање во Македонија.

Тој пластичните шишиња ги обработува до гранули, кои потоа ги извезува во странство и додава дека секој ден од државата уништува десет тони смет, што е голем придонес за зачувување на животната средина. Новата машина за обработка сопстеникот ја пушти заедно со американската амабасадорка  во Македонија Џилијан Миловановиќ. Американската агенција за меѓународен развој УСАИД ја промовира и  поддржува оваа фабрика за рециклирање.

- Почистата природа ја прави земјата поатрактивна за посетители и туристи а доколку овие шишиња не се рециклираат, тие ќе го нарушат убавиот пејсаж на Македонија. Но наместо тоа, тие обезбедуваат егзистенција и приход за повеќе семејства а го отстрануваат еколошкиот товар врз земјата - изјави амабасадорката Миловановиќ.

На одбележувањето на Денот на планетата Земја присуствуваше и министерот за животна средина Џелил Бајрами. Тој посочи дека како прилог за овој ден, надлежното министерство започнало со изработка на Стратегија за отпад со која ќе се идентификуваат одговорностите на сите инволвирани во овој процес, кој се смета за најголем проблем во заштитата на животната средина во Македонија.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »