речник контакт

Колква е интернет брзината по државите низ светот?

6.1 мегабити во секунда (mbps) за интернет корисниците од Македонија, во Шведска 17.4 мегабити во секунда, Америка и Велика Британија делат слична просечна брзина со околу 12 мегабити во секунда

Петар Печков

Компанијата „Akamai“ која се занимава со доставувањето на содржини на интернет корисниците од целиот свет обелодени во која земја каква брзина има интернет. Тие се една од најголемите компании за испорака на содржини преку раширени мрежни компјутери.

 Според проценките, до 30% од содржината на интернет е доставена токму од серверот на „Akamai“. Во редовното истражување за третиот квартал од оваа година, компанијата забележа просечна брзина од 6.1 мегабити во секунда (mbps) за интернет корисниците од Македонија.

Истражувањето покажа дека просечната брзина во Албанија е 5.0 мегабити во секунда, во Хрватска просечната брзина е 5.5 мегабити во секунда, во Босна и Херцеговина 5.7 мегабити во секунда и во Србија 7.2 мегабити во секунда со што Србите имаат најбрз интернет во регионот. 

Бугарија пак има просечна брзина од 12 мегабити во секунда, а Романија 13 мегабити. Кога станува збор за најбрз интернет, Шведска води во цела Европа, со 17.4 мегабити во секунда, а веднаш зад неа се Норвешка, Швајцарија, Холандија, Латвија и Чешка. 

Ситуацијата е слична и на глобално ниво.  Америка и Велика Британија делат слична просечна брзина со околу 12 мегабити во секунда. Ситуацијата е најлоша во земји како Боливија, Венецуела, Никарагва, Индонезија кои имаат просечна брзина од 3 мегабити и пониско.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »