речник контакт

Кој ги труе кучињата?

Отровот може да дојде и до деца и лица кои пребаруваат по контејнери. Отровот со кој кучето е отруено,,ланата,, може да биде кобен и за дете кое ќе го намириса од близина

Петар Печков

Куче отруено лежи во центарот на градот, на платото пред Хотелот Интернационал. Овој настан предизвикува револт кај минувачите. Тие се огорчени што некои наши сограѓани на ваков суров начин ги убиваат бездомните животни.

Кој и зошто ги убива кучињата. На кого му пречат. Отровот што тие го ставаат може да дојде во допир со деца, со лица кои пребаруваат во контејнерите. Може да настрадаат и граѓани – луто реагираше велешка докторка, минувач и  сведок на настанот.

За ова реагираат и од Здружението за заштита на животните ,,Анимал војс,,.

Труењето на животни е секојдневие во Велес, а виновниците остануваат неказнети. Бараме  да се донесат конкретни мерки за законска забрана за слободна продажба на високотоксични материи и формирање на полиција за животните која ќе води сериозни истраги и овие злодела ќе бидат казнувани – велат од Анималс војс.

 Кучката која е отруена во средата била пуштена од  стационарот на велешката Ветеринарна станица. Таму била неколку дена, била стерилизирна, вакцинирана, за по само еден ден биде отруена со најсилниот отров ,,ланата,,.Тој е толку опасен што само од негово мирисање може да отруе шарпланинец за неполни две минути. Опасен и за деца, може да биде фатален само од мирисање.

Неговата продажба во земјодлеските аптеки е можна само со лична карта и идентификација на купувачот. Дали тоа го практикуваат продавачите?

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »