речник контакт

Кој ги труе кучињата во Велес?

Велешките активисти на ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ започнаа иницијатива да се донесат конкретни мерки за законска забрана за слободна продажба на високотоксични материи

Петар Печков

Љубителите на животни во Велес повторно беа запрепастени од масовното труење кое се случи изминатата недела. Труењето на животни е секојдневие во Велес, но и во целата држава, а виновниците остануваат неказнети. Овој викенд активистите на Здружението ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ од Велес, заедно со повеќе љубители на животните покренаа акција за да зголемување на свеста на граѓаните и преземање на одговорност на институциите одговорни за решавање на овој случај.

Тие беа згрозени откако после 2 дена потрага по едно од нивните спасени кучиња, го најдоа мртво во дворот на соседите на девојката која се грижеше за истото. Магдалена Ѓоргиева, која 9 месеци посвети на лекување на ова мешанче од француска пудлица, изреволтирана од незаинетерсираноста на полицијата во Велес одлучи да ги вклучи љубителите на животни од целиот свет во оваа борба за промена во делувањето на институциите. Одзивот на нејзината молба е неверојатен и повеќе од 200 луѓе пишаа порака на официјалниот емаил на МВР, барајќи правда за за животните во Македонија.

Магдалена, заедно со другите активисти на ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ велат дека овој пат нема да се откажат се додека не се донесат конкретни мерки за законска забрана за слободна продажба на високотоксични материи и формирање на полиција за животните која ќе води сериозни истраги и овие злодела ќе бидат казнувани. Мотивацијата за оваа силна реакција на луѓето за труењет на кучето Флафи доаѓа од огромната љубов кон него. Флафи беше ѕвезда на социјалните мрежи каде што можеше да се следи неговата приказна од почетокот па до крајот.

Тој беше напуштен од претходните сопственици бидејќи се разболел, оставен на екстремно ниски температури. Кога беше пронајден од Магдалена и нејзините пријатели од здружението тој имал 3,5 литри вода во стомакот и сите ветеринари советувале хумана евтаназија, но тие решиле да се борат. Секојдневна терапија и испитувања во Скопје покажале дека Флафи има срцева слабост, оштетен џигер, анемија, инфекција на очите,жолтица.

3 месеца не можел да застане на нозе, а активистите го одржувале во живот со инфузии и лекови за 1 ден да доживеат чудо и да го најдат на нозе. Од тој ден состојбата на Флафи стануваше се подобра. Дури и ветеринарите беа зачудени за тоа што го сториле активистите. Сега тие бараат правда за ова куче кое може да биде пример за многу луѓе.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »