речник контакт

Кој ги фрла мртвите свињи во Вардар? Кој ја ѓубри земјата со непревриен смет?

За лошите навики на дел од велешките фармери и градинари

Петар Печков

Велешките фармери и градинари со лоши навики, кои создаваат проблеми во живеењето на повеќето сограѓани. Дел од сопствениците на свињарските фарми, мртвите животни ги фрлаат во реката Вардар, додека некои од земјоделците површините ги ѓубрат со несозреано ѓубре. Ова за сите соседи создава лоша смрдеа, која им го ремети животот. Овие работи се случуваат во месноста Речани.

Умрени и смрдени, подуени  свињи и по 200 кг. пловат по Вардар. Тука на Бентот водат ги врти, има вртлог и со денови стојат. Мириса смрди, корне.  Па ја ќе влеземе да ги откачиме и ќе отидат надоле. Ете и тоа го има. Се фрлаат и  внатрешните органи од обработените свињи, кои се ставаат во вреќи и се фрлаат во Вардар. Законот вели дека тоа треба да се ставаат во јами а  не така да се фрлаат – велат посетителите на плажите Бентот.

Тие биле сведоци многу пати како наоѓаат мртви свињи, закачени по дрвјата околу реката. Други пак земјоделци, во бавчите фрлаат смет – ѓубре иако тоа не е превриено. Поради тоа смрдела цела населба Речани. На овој начин земјоделците велат, плодот побргу созрева, но тој не е бактериолошки квалитетен и чист. Така со трикови некои нивни колеги добивале побрз род, но не и квалитетен. Овој трик освен во реонот Речани ги применувале и земјоделци од населбите Челошово и Дурутовец.

Некои  бавчованиџии почнаа на нечесен начин да ги прехрануваат културите. Истураат врз нив цели камиони септички јами, иако тоа треба да преврие една година надвор од градот, на друго безбедно и сигурно место. Научиле дека така побрзо созрева родот. Од друга страна ова толку силно смрди што не може да се живее во соседството и до стотина метри, зависи од површината која ќе ја ,,ѓубрат,,.  Така и го загадуваат плодот, кој потоа го носат на пазар да го продаваат а полн е со загадувачки материи – велат жителите на Речани. Затоа бараат интервенции од надлежните за да се заштитат  купувачите, од нездравата и бактериолошки неисправна  храна, но и да се има здрава и чиста животна средина.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »