речник контакт

Кој е Питер Хигс, новиот научник - суперстар: Атеист кој ја откри „Божјата честичка“

Лична карта за човекот кој ја донесе иднината и минатото, во сегашноста

Петар Печков

Пред четири години, кога беше пуштен во работа Големиот  хадронски судирач во ЦЕРН, обичниот свет не ни слушнал за Питер Хигс. Но кога физичарите вчера соопштија дека го открија Хигсовиот бозон, таа недофатлива честичка која го носи неговото име, овој професор по физика во пензија наеднаш се стекна со светска слава. Тивкиот седокос 83-годишен пензионер трпеливо чекал од 1964 година потврда на оваа револуционерна теорија. И денес се „штрекнува“ кога во негово присуство се ќе спомене Хигсовиот бозон.

Питер Хигс, научникот чии откритија од 1960-те години доведоа до спектакуларно откритие на бозонот во ЦЕРН, е роден во Њукасл во 1929 година.

Хигс се изјаснува како атеист, па затоа не е воодушевен со тоа што неговиот бозон се вика Божја честичка, затоа што тоа „би можело да ги навреди религиозните луѓе“.

Поради астмата многу изостанувал од наставата и се школувал главно дома. Растел во Бристол, каде во гимназијата се истакнал како одличен математичар.

Студирал теоретска физика на Кингс колеџот во Лондон. Се вработил како професор на Универзитетот во Единбург, а трудот за постоењето на бозонот го напишал во 1964 година.

Интересно е дека го понудил на научното списание „Физикс летерс“ и бил одбиен. Се покажало дека уредниците не го разбрале, но сепак нешто подоцна го објавиле. И покрај значајниот научен труд, никогаш не станал славен.

До откритието на столетието со помош на хартија и пенкало

Пријателите и познаниците сметаат дека е премногу скромен и повлечен.

Заминал во пензија во 2006 година и од тогаш од дистанца следи што се случува во ЦЕРН каде до вчера бил само еднаш. Живее во стан во квартот Њју таун во Единбург, наместен во ретро стил од 70-те години. Има огромна колекција на плочи од класична музика и книги за сликарство уредно наредени по абецеда.

Нема компјутер, ниту мобилен телефон. До откритието на столетието дошол само со помош на хартија и пенкало.

Дали „Нобел“ веќе е капарисан?

Добитник е на бројни признанија меѓу другото Дираковата медала и награди за придонес кон теоретската физика во 1997 година, наградата на Европското друштво за физика во областа физика на честички и високи енергии во 1997 година и наградата Џ.Џ. Сакурај, на Американско физичко друштво за труд на полето на теориската физика за честички.

Вчера од многу кругови можеше да се слушне дека тој е најголем кандидат за Нобеловата награда за физика.

Разведен е и има два сина.

 текстот е преземен од Блиц - Белград

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »