речник контакт

Кој е најјужниот град во Македонија?

Гевелија не е, и Ресен е пред неа а не е прв !!

Петар Печков

Често пати ќе прочитаме или ќе чуеме дека Гевгелија е најјужниот град во Македонија. Сепак, оваа констатација воопшто не е точна и веројатно произлегува од тоа што Гевгелија е најјужен град по долината на реката Вардар, потоа град кој е најблиску до Грчката граница и до Егејско Море и еден од најтоплите градови во Македонија.

Инаку, според географската широчина, најјужен град во Македонија е градот Битола, кој се наоѓа на 41°01’45” или 12,5 км појужно од Гевгелија. По Битола, втор најјужен град е Ресен кој е на 41°05’20” или речиси 6 км појужно од Гевгелија.

На трето место е Охрид, кој по својата географска широчина од 41°06’50” е само незначително т.е. 3 км појужно од Гевгелија. Тоа значи дека Гевгелија (41°08’30”), по географската широчина, е дури 4-ти најјужен град во нашата држава. Следен на листата е градот Струга кој лежи на 41°10’30” или нецели 3 км посеверно од Гевгелија итн.

Во однос на селските населби пак, најјужно село во Македонија е Долно Дупени на источниот брег на Преспанското Езеро. По своите координати (40°52’30”), ова село е дури 30 км во појужна положба од Гевгелија и е едно од 30-тината села кои лежат јужно од 41-виот напоредник.

По Долно Дупени, како најјужни села доаѓаат Драгош, Кишава, Граешница, Живојно, Зовиќ и др. во Битолско Поле. Инаку, дури 75 села во Македонија, главно во Битолско и Ресенско, по својата географска широчина се наоѓаат појужно од Гевгелија.

Подготвил: д-р Ивица Милевски  igeo.mk 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »