речник контакт

Коњот наш е коњ или кобила?

Првиот споменик Коњаник,, Велешките илинденци,, во Македонија седум години го краси центарот на градот. А тој машки или женски род е?

Петар Печков

И додека повеќето од велешани за споменикот на Илинденците велат коњот, дали навистина  тој е машки  или женски род. За тоа ќе посведочи фотографијата. Додека во Скопје, споменикот ,,Воинот на коњ,, е документирано машки род, овој кај нас во Велес засега без докази дека е од машки род.

Споменикот  во 2002-та го  изработи  велешкиот автор, скулпторот Ангел Коруновски, за тројцата Илинденци,  Јован Наумов Алабакот, Андреја Димов Докурчев и Тодор Христов Офицерчето.

Дали знаевте, дека доколку предните нозе на споменикот Коњаник се дигнати, тоа значи дека тие загинале во борба? Така е секаде во светот, па и кај нас.

Првиот споменик-коњаник во Македонија е  извајан во бронза и е висок 3,5 метри со постамент од травертин и зелен гранит со висина од 2,5 метри. Тој чинеше 48 илјади евра пари од  Општина од Буџетот и од донации.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »