речник контакт

Мост кон Речани, каде и каков?

Локалната власт смета дека е потребен мост и за пешаци и за возила, жителите бараат само пешачки

Петар Печков

Потребата од мост кон населбата Речани одамна е констатирана. Како расте населбата така расте и потребата од негова изградба. Повеќе години за зборува за почеток на реализацијата на оваа идеја.  За следната се влезени и први средства во општинскиот Буџет , со кои треба идејата да стане и конкретна.  Предвидени се еден милион денари, за почетна документација  за подготовка за изградба на мост преку реката Вардар.

Мост таму е потребен. Затоа имавме средба со граѓаните од тамошната Месна Заедница. За жал морам да констатирам, дека се повторуваaт работите како и во населба Керамидна. Освоен е простор кои не им припаѓа, се градело без план, улиците не се доволно широки, нема простор за тротоар. Куќите и други помошни простории и објекти, се изградени на ивиците од улиците. Бараме место каде ќе биде најдобро и најбезболно да се изгради мост – вели градоначалникот Чадиев. 

 Како можни локации се посочуваат две, едната близу просториите на ЈВП Лисиче а втората близу Управната зграда на ЈКП Дервен. Но има и дилема, каков да биде мостот пешачки или и за возила.

Размислувањето на жителите е дека е потребен пешачки мост, не бараат мост по кој би се движеле секаков вид возила. Нашето како локална власт е дека е потребен и за возила. Ова бидејќи мостот кај Башино село е многу користен и оптоварен. Мост е потребен, но таков што ќе биде користен за цела општина и град  - најави Чадиев.

Изградбата на мост за Речлани ќе биде голем финасиски проект и давачка за локалната власт. Освен изградбата, ќе треба да се откупува и простор од тамошните жители, за да се изгради инфраструктура, патишта, улици, тротоари за да може да минат возила низ Речани. Тоа пак кај дел од жителите наидува на отпор, тешки возила да се движат пред нивните домови.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »