речник контакт

ОИК: Цветковски останува градоначалник на Лозово

Цветковски 54 отсто, Велковски 43 отсто, со висок одѕив од 85,27 отсто излезност

Петар Печков

Општинската изборна комисија за Лозово  ги соопшти официјалните но не и конечни резултати за вториот круг од локалните избори за градоначалник. Победи кандидатот Орце Цветковски  на коалицијата  ,,За подобра Македонија,, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со  освоени 991 глас  или 54,33 отсто  од гласовите. Кандидатот Ацо Велковски  на опозициониот ,,Сојуз за иднината,, од редовите на СДСМ освои  796  гласа или 43,64  отсто.

Во вториот круг излегле  1,824  гласачи што е висок  одѕив од 85,27 отсто а во гласачките кутии имаше 37 неважечко ливче. Така во сите соседни општини, како и во Велес, на овие локални избори победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно во Градско градоначалник стана Жанета Чаушевска а во Чашка Горанчо Пановски.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »