речник контакт

ОИК: Чадиев нов градоначалник на Велес

Чадиев 18.059, Коцевски 14.407. Во вториот круг излезост од 71,75 отсто, повисока од првиот круг и покрај лошото време

Петар Печков

 Општинската изборна комисија за Велес  ги соопшти официјалните но не и конечни резултати за вториот круг од локалните избори за градоначалник. Победи кандидатот Славчо Чадиев на коалицијата  ,,За подобра Македонија,, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со  освоени 18.059 гласа  или 54,41 отсто  од гласовите.

Кандидатот Аце Коцевски на опозициониот ,,Сојуз за иднината,, од редовите на СДСМ освои  14.407 гласа или 43,41 отсто. Во вториот круг излегле  33.191 гласач што е одѕив од 71,75 отсто а во гласачките кутии имаше 725 неважечко ливче. Во првиот круг имаше 71,01 отсто  излезност и 994 неважечки ливчиња.  Во првиот круг веќе е познато дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои  12 советнички места, додека на СДСМ 11 места.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »