речник контакт

Оџата од велешката Џамија побегна во Германија !?

Без објаснување Несим си заминал, добро упатените тврдат со љубовницата

Петар Печков

Фазли Ахмет Паша Џамијата кај велешани позната како Црна Џамија, стара четири века, е со нов имам или оџа. Тоа е Нијази кој на ова место доаѓа откако неговиот претходник Демири Несим, пред месец дена побегнал. Од Џамијата велат дека заминал, но се лути што тоа го сторил без најава.

Во петокот откога беше последната џума, Несим без објаснување си заминал. За ова ниту најавил, ниту соопштил, оти Џамијата не се остава така без старешина. Тој следниот ден заминал, што е негова работа, каде и со кога, но не требало да го остави храмот без старешина – велат од Фазли Ахмет Паша Џамијата во Велес.

Така не сакаа да ги потврдат или негираат информациите кои нивните верници ги зборуваат. Дека Несим побегнал за Германија со љубовницата, а  неговата сопруга, која е од Косово, со трите деца заминала кај свекорот и свекрвата  во село Кочилари и дека таа ја симнала бурката по која беше препознатлива во тој дел на Велес.

За Несим, кој завршил во Саудиска Арабија  подолго време се шпекулираше дека е припадник на радикалниот исламизам и дека вешто го ширеше меќу верниците во градот. За разлика од неговиот претходник при разговорите со него, не беше можно да се дојде во неговиот дом а не даваше ниту рака на жените.

Неговите соседи се чудат и ден денес, иако со така мал број верници во Џамијата, со мала економска моќ во градот,  како успеал да смени четири  скапи коли, меѓу нив и мерцедес, ауди, БМВ. Затоа пак преку него,  односно неговата сопруга се промовираше и носењето  бурка, муслиманска носија со која жената е прекриена и  се гледаат само очите. Таа сега била отфрлена од сопругата.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »