речник контакт

Повторно пред велешани сликите од изложбата ,,Стар Велес,, (фото)

Изложбата е можност старите да се потсетат, а младите да го видат стариот Велес

Петар Печков

Најстарата фотографија  од Велес, сопственост на Народен музеј Велес датира од 1869 година  е претставена на фото  изложбата  поставена во Ликовен салон. Изложбата за прв пат беше поставена 2011-та година, но поради големиот интерес на велешани, за старите фотографии на градот, таа и летово е пред очите на јавноста.

Низ стотината фотографии се до 70- те години на 20 век,  проследен е развојот на Велес  прикажан низ призмата на историјата, етнологијата, архитектурата.

Автори на изложбата се Павлина Василева (сега  пензионер)   и Марин Клифов, виш кустос во Локалната установа Народен Музеј на град Велес. Тие една година работеле на собирање на фотографиите за истите да бидат пред очите на јавноста, некои тогаш  и за прв пат.

Преку сликите јасно се гледа убавината на стариот град. Изложбата е можност старите да се потсетат, а младите да го видат стариот Велес. Изложбата на фотографии од стар Велес беше поставена 2011-та но поради големиот интерес низ годините, таа летово повторно е пред велешани. Посебно кога во градот се вратени луѓе кои престојуваат или живеат во странство -  вели Клифов. 

Ликовниот салон е  отворен од 9 до 13ч. секој работен ден.  Оваа изложба беше претставена и  во  Кочани, Кавадарци и Скопје како и  во  Врање –Србија, Клуч БиХ и Шибеник Хрватска. Ќе биде отворена за посетители до средината на август.  

АНКЕТА »

Дали стравувате од корона вирусот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »