речник контакт

Расветлено убиството во Ореше од пред три години?

СВР Велес до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ѓ.П.(39) од село Ореше, со престојувалиште во Флорида-САД, Љупчо.Г.(33) и Ордан.Г.(36) обајцата од Скопје,

Петар Печков

СВР Велес до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ѓоре Петровски (39) од село Ореше, со престојувалиште во Флорида-САД, Љупчо.Г.(33) и Ордан.Г.(36) обајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело убиство а истражниот судија им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Првопријавениот се сомничи дека го нарачал, додека пак второ и третопријавените се извршители на убиството на Лазар Милошевски (71) од село Ореше на 02.12.2005 година околу 20,45 часот во неговиот дом во истоименото село. Според досегашните сознанија од истрагата, на 03.06.1995 година од страна на непознат сторител, со огнено оружје, врз првопријавениот е извршен обид за убиство во близина на месноста Орешка станица, при што нему му се нанесени тешки телесни повреди на главата. Од тој момент кај првопријавениот се раѓа силен мотив за одмазда, како и убедувањето дека сторител на тој обид бил токму сега убиениот Лазар Милошевски. Затоа од 1997 година наваму, време во кое првопријавениот постојано престојува во САД, непрекинато контактирал со повеќе лица во земјава со цел да нарача убиство.



Во текот на 2005 година Ѓ.П. успеал да воспостави контакт со второ и третопријавените и за сума од 20.000 до 50.000 американски долари го нарачал убиството на Лазар, којшто живеел сам во селото Ореше. Притоа се обврзал дека бараната сума ќе ја исплати преку „Вестерн Унион“. По постигнатиот договор Љ.Г. и О.Г. (инаку браќа) започнале со подготовки за извршување на убиството и за таа цел набавиле и автоматска пушка (калашњиков – 7,62 мм), која ја сокриле во една од селските племни и чекале погоден момент. После извесно време одлучиле дека најпогоден момент е селската слава Пречиста (во село Ореше) и заради тоа утрото на 02.12. 2005 година со нивното возило „лада-нива“ дошле во соседното село Папрадишта (каде што имале викенд куќа) наводно со намера да одат во лов. Со себе носеле и ловџиска пушка којашто ја поседувале со дозвола. Попладнето истиот ден тие дошле во  Ореше во продавницата среде село, каде што практично ја извидувале состојбата, го следеле движењето на жртвата, и чекале најпогоден момент за извршување на злосторството. Во попладневните часови во продавницата дошол и Лазар, испазарил и повторно се упатил кон својата куќа која се наоѓала во т.н. горно маало. Осомничените во продавницата се задржале до 20 часот, односно до нејзиното затворање а потоа  неприметени од никого отишле во плевната кадешто претходно го сокриле автоматското оружје (наполенето со два куршуми) и се притаиле во еден двор на оддалеченост од некои триесетина метри од куќата на жртвата.  



Тие одбрале најпогодно место од каде што можеле да го набљудуваат Лазар и од таа позиција директно да нишанат кон жртвата со намера да ја убијат. Околу 20,45 часот, според документираната реконструкција на настанот, Лазар станал од креветот се доближил до шпоретот на дрва веројатно со намера да сипе чај од ѓезвето на шпоретот. Неговат силуета била видлива на прозорецот, и во тој момент второпријавениот Љупчо.Г. во соодветна стрелачка положба нанишанил и рафално ги истрелал двата куршуми, пришто првиот куршум кој што ја погодил жртвата (зрното влегло во десното раме, продолжило во десното белодробно крило, по пат кршејќи  неколку коски и пресекувајќи му го рбетот и завршило во левата плешка), бил смртоносен, додека вториот завршил во фасадата над прозорецот.

По извршеното убиство двајцата. неприметно го напуштиле местото каде што пукале, стигнале до местото каде што им било паркирано возилото („лада-нива“) и заминале во викенд куќата во селото Папрадишта. Утредента излегле над селото каде што испукале неколку куршуми од ловџиската пушка, како наводно алиби дека биле на лов (но и алиби за евентуалните трагови од оружје и барутни честички, како и други материјални трагови што потекнуваат од пукање).


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »