речник контакт

Сведокот ,,Бреза,, или Златко Арсовски проговори: ,,Лажев, се што досега сведочев,,

Откако четири години ја даваше истата изјава, пред истражен, пред обвинителство, пред психијатрите и на главен претрес, сега Арсовски вели,,Лажев,,.

Петар Печков

 Им се извини на обвинетите и кажа дека се е лага што досега зборувал. Така судењето за убиството во велешкото село,,ореше,, доби нов тек, откако главниот сведок во случајот досега под псеводним,,Бреза,,  како заштитен сведок  а од денес како обичен сведок со име и презиме Златко Арсовски, се појави во Основниот суд во Велес  и  ја смени неговата изјава.

Откако четири години ја даваше истата изјава пред истражен, пред обвинителство, пред психијатрите и на главен претрес дека  Ѓоре Петровски е нарачателот на убиството  кое за 20 илјади долари го извршиле браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски, сега Арсовски изјави дека истата не е точна, ја давал под принуда а ветувањата за материјален надоместок не биле исполнети.

Се извинувам на браќата  Ѓоргиевски на Ѓоре, и се срамам тоа што го говорев толку време. Се им наместо Вељо, тоа е зет за внука на убиениот, кој ми кажа што треба да зборувам, таа изјава јас ја потпишав. Се беше лага, што досега зборува, ова е вистината. Инспектор од ДБК кој беше задолжен за мене, пред секое мое појавување во суд, истражен, ми ја даваше да ја прочитам, да ја знам напамет и да ја повторувам. Така лагата стана вистина. Ми ветуваа 15 илјади евра, да заминам во странство, сопругата да ја вработат, но ништо од тоа не се случи.. каков заштитен сведок, јас уште првиот ден бев пробиен, сите го знаеја мојот идентитет. Во  притвор  во Шутка дури и затворениците ме викаа кодош, шпион. Животот ми беше загрозен, еден затвореник се обиде и со виљушка да ме прободе. Решив да ја кажам вистината, откако не ги исполнија ветувањата кои ми беа дадени – рече Арсовски, кој пред Основниот суд во Велес говореше околу два часа. 

Напомена дека како заштитен сведок бил фамилијарно на одмор во Св. Наум на Охридско езеро, каде ја носеле и неговата свеска а месечно добивал надоместок од 22 илјади денари плус 18 илјади денари за кирија  за станот каде живеел.

Тој рече дека знае дека се соочува со казна затвор за лажно сведочење, но дека ќе одлежи и пет години ако треба, но морал да си ја смири совеста. На следното рочиште, тој ќе треба да се соочи со Вељо Арсовски за да кажат како сведоци, кој што рекол за ова дело. Кодното име ,,Бреза,, го добил по предлог од полицијата, иако тој немал баш некое знаење, зошто баш тоа само знаел дека е некое дрво.

Во текот на претходните расправи, бранителите на обвинетите во неколку наврати се посомневаа во изјавите на тогаш заштитениот сведок,,Бреза,,  дури и го посочија како можен сторител на делото, оти критичната  вечер на 2-ри декември 2005-тата кога е убиен Лазо Милошевски, имал спорно алиби. Бил дома сам во собата, што никој не можел да го потврди. Во периодот кога се нафатил да биде заштитен сведок, Арсовски бил во затвор, за разбојништво, кога доби три години затвор, оти со неколкумина пријатели од селото Ореше нападнаа селски поштар, го ограбија и со безбол палка го претепаа.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »