речник контакт

Форшпед : Ворца Волеј 3:2

Скопјанки по две години поразени на спортските терени. И во есента 2009-тата и вчера од велешките одбојкарки на Форшпед

Петар Печков

Одбојкарките на Форшпед во дербито од првото коло,  ја совладаа екипата на Форца Волеј во тај брек со 3:2 (25:23, 25:11, 15:25, 18:25, 15:9), по двочасовна голема борба. Двете екипи имаа свои периоди во играта, Форшпед поведе со 2:0, Форца Волеј израмни на 2:2,, а  домаќинките засилени со две српски одбојкарки Петровиќ и Васиљевиќ во петтиот сет  со сигурна игра, дојдоа до победа за голема радост.

Така  велешанки  единствени во изминатите две години во женската одбојка  можат да се пофалат дека го победиле освојувачот на двојните круни, првенството и купот.  Форшпед повторно успеаја да му нанесе пораз на големиот фаворит екипата на Форца Волеј откако  претходно победи и во есента 2009-тата а оттогаш скопјанки не знаат за загубен натпревар.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »