речник контакт

Четири нови случаи со КОВИД-19 во Велес

Позитивни резултати покажале жена на 65 годишна возраст и тројца мажи на 37, 40 и 57 години

Петар Печков

Од  Центарот за Јавно здравје Велес информираат дека изминатите 24 часа   се регистрирани четири  нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес.

Се работи за една жена на 65 годишна возраст и тројца мажи на 37, 40 и 57 години. Еден од потврдените пациенти е тестиран во лабораторијата во Авицена, а останатите тројцата во микробиолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје - соопштија од Центарот.

Така бројката на вкупно заболени од корона вирусот во Велес стигна до 40 лица. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »