речник контакт

Чиј е Северниот пол?

На Данска, на Норвешка или на Дедо Мраз

Петар Печков

Она што некогаш било игнорирано и сметано за автономно замрзнато земјиште сега се смета за вредна недвижнина, а причината за тоа е едноставна. Според американско истражување, се проценува дека 22% од неоткриената нафта и природен гас во светот се наоѓа под Арктикот. 

Гренланд е тема за битки помеѓу неколку земји. Данска тврди дека е нејзин, Норвешка, исто така. Гренланд станала данска колонија во 1814 година, а дел од Данска во 1953 година. Сепак, во 2008 година, жителите на Гренланд изгласале во полза на локална гренландска влада, која има поголема моќ од кралицата на Данска во Гренланд. Од 2009 година, Гренланд тргнува на патот кон целосна автономија. 

Гренланд се наоѓа на врвот на континентот и е поврзана со премин под арктичкиот круг. Затоа, Норвешка може да бара права за поседување на земјата. 

Русија неодамна објави научно истражување во кое покажува дека руското континентално земјиште се шири под полот. Тие најавија дека ќе бараат проширување на арктичките граници за 1,2 милиони квадратни километри. Но, тука се и САД и Канада кои тврдат дека се дел од арктичкиот регион. 

Можеби навистина Дедо Мраз е  сепак единствениот сопственик на Северниот пол.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »