речник контакт

Што го прави Марс неподобен за живот?

Во нашиот соларен систем, Марс има втори најдобри климатски услови за одржување на живот, по Земјата, но зошто таму засега не може да се живее?

Петар Печков

Во нашиот соларен систем, Марс има втори најдобри климатски услови за одржување на живот, по Земјата. Како и Земјата, и тоа е камена планета, со поларни ледени капи и временски сезони.

Дури и деновите на Марс се слични, траат по 24 часа и 40 минути.

Според последните докази, течна вода некогаш течела по маровата површина. Па ако животот цвета на Земјата, зошто црвената планета изгледа толку безживотна?

Престудено за течна вода

Течната вода е есенцијална за животот онаков каков што го познаваме, но тоа е редок ексклузивитет во нашиот соларен систем.

Таканаречената зона „Златни кадрици“ е тесен регион помеѓу орбитите на Венера и Марс, каде температурата е едноставно „онаа вистинската“ за водата да остане течна - ниту претопла и ниту престудена.

На планетата која орбитира поблиску до сонцето, водата испарува; на планетите кои орбитираат подалеку, водата се претвора во мраз.

Нашата сина планета е совршено сместена во оваа „вистинска“ зона. Марс е поставен на излезот од оваа зона, подалеку од сонцето. Просечно таму температурата секојдневно изнесува минус 60 степени.

Овие ниски температури, заедно со тенката атмосфера на Марс, прави невозможно за водата да постои на површината на Марс.

Недостасува атмосфера

Атмосферата е важна затоа што таа заробува дел од топлината од Сонцето - како што гасовите во стаклена градина го прават тоа на Земјата.

Но со текот на времето, атмосферскиот притисок на Марс се намалил на помалку од еден отсто од земјиниот. Оваа многу тенка атмосфера не може да ја сопре топлината од Сонцето која бега во вселената.

Температурите опаѓаат и површинската вода замрзнува на поларните ледени капи кои денес ги гледаме.

Всушност, ако стоите на екваторот на Марс, онаму каде сонцето ја загрева почвата температурата под вашите нозе ќе биде 21 степен Целзиусов, но 0 степени на врвот од вашата глава.

Па што се случило со атмосферата на Марс?

Прво, Марс е помал од Земјата, па затоа има само една третина од гравитацијата на Земјата, што им овозможува на гасовите полесно да бегаат.

Вториот и најважниот фактор е што на Марс му недостасуваат магнетните фактори.

Потребата од магнетен штит

Земјата има силен магнетен штит, создаден од прегорено стопено железо во средиштето на планетата, кое се подигнува и тоне додека топлината се загрева и лади.

Магнетниот штит не штити од повеќето наелектризирани честички кои доаѓаат од Сонцето, познати како соларни ветрови. Соларниот ветер е заробен во џиновски магнетен меур и се спроведува околу Земјата назад кон вселената.

Без магнетниот штит, живтот на Земјата нема да постои. Смртоносната радијација ќе ја бомбардира површината на планетата, а соларните ветрови би ја соголиле нашата атмосфера.

Марс на почетокот имал магнетни полиња кои можеле да ја штитат атмосферата и течната вода. Но со доказите за магнетните полиња кои се зачувани во стените на Марс, гледаме дека марсовите магнетни полиња одеднаш исчезнале пред четири милијарди години.

Можно е исчезнувањето на магнетните полиња да било предизвикано од серија на астероидни судари, наречени Последното големо бомбардирање.

Огромниот судар можеби го загреал средишето на Марс, со што засекогаш ги прекинал магнетните полиња.

Сепак ова не е единствената теорија - без доволно согорување во средиштето на Марс, магнетните полиња можеби и самите си одумреле.

Оставен незаштитен, соларните веторви полека ја соголиле маросвата атмосфера, убивајќи го секој живот кој можеби постоел на површината на планетата.

 текстот е преземен од Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »