речник контакт

Што може да ви се случи ако се мачкате со стара крема за сончање?

Какви се последици можете да имате?

Петар Печков

Иако рокот на траење кој стои на амбалажата е три години, дерматолозите предупредуваат дека овој рок се однесува само на неотворените амбалажи. Исто така, на повеќето пакувања е посочено дека кремата е добра за користење само една година од отворањето, но само доколку кремот се чувал во соодветните услови.

Ако кремата е стара, SPF етикетата на пакувањето ја губи секоја смисла, односно мачкањето со таа крема нема да ви обезбеди заштита од сонцето. Како резултат на тоа ќе добиете изгореници, а најголемата опасност е ризикот од меланом.

За разлика од оние во прав или камените, козметичките препарати во течна состојба се особено опасни ако им истекол рокот, затоа што во нив полесно се создаваат бактерии и габи. Како резултат на користењето на овие креми, можни се различни видови на иритација и осип на кожата.

Во исклучителни случаи, старата крема за заштита од сонце може да предизвика тн. труење преку апсорпција. Како резултат на ова може да се јават отечени жлезди во одредени региони.

Ако бајатата крема ја мачкате на лицето, може да имате проблем со гнојни акни.

Како и старите креми за лице, така и оние за заштита од сонцето никако не смеете да ги мачкате во пределот околу очите, бидејќи можат да предизвикаат воспаление на окото.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »