речник контакт

Што се велешани фрлаат во канализацијата?

По вчерашниот дефект на ул. Благој Ѓорев, надлежните се фатија за глава што се најдоа во канализацијата

Петар Печков

Во вторникот претпладне на ул. Благој Ѓорев, спроти касарна Р.Е. Канализација при ЈКП Дервен мораше да интервенира, откако но улицата  се излеа канализацијата. Причина за тоа беа затнатите цевки за одвод.  Сликата најдобро говори што се велешани, од овој дел на градот фрлале во нив.

Но мора да се каже дека ова е мал дел од фрлениот отпад во канализационите цевки, поголем дел веќе беше однесен во контејнерот. Текстил, партали, хигенски влошки, кондоми...Згора на тоа за оваа интервенција мораше да се бараат стручни екипи од Кавадарци, што се плати дополнително и екстра.

Изненадувачки беше што се не најдоа нашите вработени во одводниот систем. Поттикнати од оваа случка, а и со оглед на тоа дека сите сме подеднакво одговорни за функционирањето на канализациониот систем, апелираме до граѓаните да не фрлаат во одводниот систем било какви цврсти отпадоци, вискозни материјали и хемикалии велат од ЈКП Дервен.

Тие  за потсетување дадоа листа што не смее да се фрла во веце шолјата и мијалникот.

Масло и маснотии, остатоци од кафе, лушпи од јајца, налепница од кујнски производи, Женски хигиенски производи,  влажни марамчиња, моторно масло, антифриз и други токсични хемикалии, растворувачи, бои и лакови, корозивни супстанци, кои се кисели или отровни,  лекови, запалив или експлозивен материјал и течности,  пепел и останати вискозни материјали, корупки од лубеници и дињи, партали, најлонски кеси

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »