речник контакт

„Каков белег ќе оставиме?“ за фер и демократски избори

Слаб интерес на велешани и политичките партии од градот за промоцијата на „Кодексот на однесување за слободни и фер избори“.

Петар Печков

Во саботата напладне од 11:00 часот до 13 часот  во центарот на Велес присуствуваше караванот за промоција на „Кодексот на однесување за слободни и фер избори“.  Главна негова цел беше подигнување на свеста на членовите на политичките партии, како и на граѓаните за потребата од фер и демократски избори.  Настанот немаше политичка позадина и е целосно концетриран на вредностите за фер и демократски избори.


Во соработка со неколку други НВО, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) по 7-ми пат спроведува кампања за фер и слободни избори. Годинава кампањата се спроведува под мотото „Каков белег ќе оставиме?“.


НДИ е меѓународна невладина организација со седиште во Вашингтон, САД , а во Македонија работи од 1993 година. НДИ работи со Собранието на Република Македонија за зајакнување на неговите демократски капацитети.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »