речник контакт

Ќе го видат ли новиот филм на Младен Крстевски велешани?

Авторот вели забранет е, од општината нема термин поради локалните избори

Петар Печков

Премиерата на играниот филм ,,Старо Купуем ,,на режисерот Младен Крстевски  која беше договорена и потпишана од страна на општината Велес,со одредени термини за прикажување во салата ,, Бели мугри,(Пионерски Дом), термин за премиерата 24.02.2013год,  и останати проекции од 25.02.2013год.до 28.02.2013год,.ненадејно од само за нив- општината, познати причини е откажана  стои во писменото соопштение од Крстевски кое продукцијата  го достави до медиумите.

Тој бил  известен дека филмот во овој термин не може д се прикажува.  Филмот обработува социјална проблематика и нема  никаква политичка ,национална,верска или било која друга омраза објаснува Крстевски. Од локалната власт  во чија сопственост е објектот ,, Бели мугри,, велат дека  немало никако потпишан документ  со Крстевски а одлагањето е поради  локалните избори и зафатеноста на салата.

Младен Крстевски бараше од 24 февруари до 1 март, во шест врзани дена да ја користи салата што не беше можно, бидејќи според донесената одлука од страна на Советот на општината тоа е и единствената сала која може да се користи за одржување на трибини за време на изборните кампањи. Со него постоеја само преговори за нејзино користење, но немаше ниту одговор од наша страна на барањето, ниту пак воопшто постои договор. Ако му е важен токму тој датум, Крстевски може да ја користи и салата во велешкиот театар    - велат од општина Велес.

Премиерата на филмот и покрај проблемите со место на прикажување  сепак ќе се одржи на отворено пред велешката публика  најавува авторот Крстевски. Филмот е приказна за двајца пријатели од дното, кој сакаат да се збогатат, како што тие замислуваат на итар начин.

 Тоа е сосема обична и секојдневна приказна, во која сите сонуваат, а на крајот повторно сите се губитници. Филм без насилство, оружје, секс, без големи финансиски средства... но многу човечен и со многу емоции. Можеби затоа е толку актерски предизвикувачи – вели  еден од актерите во филмот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »