речник контакт

ДИК: Во Велес втор круг за градоначалник

Предност за Коцевски, за Cоветот победа за коалицијата За подобра Македонија. Неизвевсна трка за градоначалник, вториот круг на 7-ми април

Петар Печков

Резултати според ДИК. Официјалани но не и конечни за сите 73 избирачки емста

Во Велес од запишаните 46.261  гласач во неделата излегле 32.851 или  71,01 отсто. Од овој број неважечки бил високи 994 ливчиња.  Бројот на освоените гласови е следен: Аце Коцевски  16.163,   Славчо Чадиев  15.110, Марјан Спасовски 328, Горан Мишков  134 и Тања Петровска  122. Според овие резултати во вториот круг одат Аце Коцевски и Славчо Чадиев. На Коцевски за победа во првиот круг му недостигале  263 гласа. Вториот круг на гласањето за градоначалник  е за две седмици на 7-ми април.

 

 На листата за советници  излегле 32.204  или 71, 14 отсто  гласачи, при што има уште повеќе неважечки ливчиња 1.381. Бројот на освоени гласови е следен: коалицијата ВМРО-ДПМНЕ има  15.008 гласа, коалицијата СДСМ 13.204,  ДУИ 1.113,  СДУ  599, ДОМ 378, Сојуз на Титови леви сили  371 и ДПА 250 гласа.

 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »