речник контакт

Кои се ,,среќни,, земји, и каде е тука Македонија?

Мапата од 151 држава открива кои делови на планетата претставуваат "оаза на среќата". Најсреќни се луѓето во.. Костарика а Македонија е на ... место

Петар Печков

Нема човек кој барем еднаш во животот не замислил убав и среќен живот на некоја егзотична дестинација, со тропска клима и бели песочни плажи. Мапата од 151 држава открива кои делови на планетата претставуваат "оаза на среќата", а во предвид се земени неколку параметри. 

Резултатите се за некого изненадувачки, а за некого не. На првото место се наоѓа Костарика, а ја следат Виетнам и Колумбија. На пример, економски помоќните САД се дури на 104-тата позиција. Македонија на табелата е на лошото 140-то место. 

Истражувањето го направила веб страната "Movehub", користејќи податоци од "Светскиот индекс на среќа" - кој го мери нивото на благосостојба и среќа во светот. Тие тврдат дека во ова истражување богатството и парите не играат апсолутно никаква улога, пренесува Daily Mail.  

Три параметри се клучни за истражувањето: животниот век, нивото на благосостојба, еколошкиот аспект. Оцените се во боја, зелената е најобра, жолтата е средината на  листата а црвената ги претставува најнесреќните земји. Индексот на среќа се мери во поени, каде максималните се 65 а минималните се 20 поени.    

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »