речник контакт

одбојка Форца Волеј – Форшпед 3:1

Во борбата за титулата првак, скопјанки поведоа иако велешанки водеа со 1:0 во сетови и 19:12 во вториот сет

Петар Печков

Необјасниво велешанки го загубија првиот натпревар во борбата за титулата првак на Македонија во одбојка. Домаќинките победија со 3:1, иако Форшпед поведе со 1:0 во сетови 25:18 а во вториот с ет водеше со високи 19:12, па со 23.21 за да загубат со 25:23 и скопјанки израмнат на 1:1.. Потоa  необјасниво велешанки застанаа и Форца Волеј  поведе со 2:1  - 25:21 а во четвртиот сет велешанки се предадоа 25:10. 

Форшпед покажа дека може да стигне до првото славје  и титулата , има квалитет, но треба да се работи на психолошката подготвеност, оти кога се губи, велешанки не знаат да сопрат. Втората средба се игра во Велес, в вторник во салата Гемиџии а се игра подобар од пет натпреври.

Скопјанки имаат предност да  играат натпревар повеќе на домашен терен, поради подобрата сет разлика во првенството иако двете екипи славеа по два пати во меѓусебни натпревари.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »