речник контакт

Борец –Овче Поле 16 :30 ( 7:17)

Домаќините настапија со младинците, само за да не се растури клубот

Петар Печков

Требаше ова да биде натпревар кој ќе решава за второто место на табелата, но велешани кои се судруваат со егзистенцијални проблеми играа со младинците. Затоа средбата беше лесен тренинг за соседите од Свети Николе, кои дојдоа до значајни два бода за место во четворката која води во  разигрувањето за првак напролет.

Во празната поради казна, и ладна сала ,,Гемиџии,, одличен впечаток остави младиот  голманот  Стојчев кај Борец кој со 23 одбрани и два на удари до седум метри,  со што спречи потежок пораз за Борец.  Кај домаќините Петревски со 7 и Костов со 4 беа најефикасни а кај Овче Поле Василев со 7 и доскорашниот ракометар на Борец  Слободан Трчков со 5.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »