речник контакт

Која крава какво млеко дава ?

Велешките екологисти бараат одговор какво млеко се пие во земјава, какви млечни преработки се нудат во продажба

Петар Печков

Која крава какво млеко дава, прашаа велешките екологисти на прес конференција, по информациите за  афлатоксичлно млеко кое го има   во соседните земји и далаи тоа е присутно во Македонија. Тие од надлежните бараат одговор какво  млеко се пие во земјава, какви млечни преработки се нудат во продажба, но и зошто нема увид со бројки, каков е квалитетот на млекото  кое се продва во Македонија, домашно и странство.

Агенцијата треба да даде одговор  кое млеко  е безбедно а кое не е.  И по толку дена откако изби аферата во соседството за присуство на алфатоксини во млекото,  нема конкретни бројки. Бараме и одговор зошто  некои млека се забраенти во Хрватска, Србија и БиХ а кај нас дистрибутерите ги продаваат по пониски цени. Што е со млечните преработки, сирењето, кашкавалот, кајмакот. Според објавените резултати на Европскта комисија за заштита на храната, ако млекото е  алфатоксично, тогаш  овие продукти се пет до шест пати  со повисоки вредности на отрови. Затоа ни е потребна брза и точна реакција од надлежните бидејќи многу млади родители се во паника.  Тие имаат голема дилема какво млеко да им даваат на децата – изјави Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »