речник контакт

Велешанец им помогнал на двајца скопјани да го оштетат буџетот за 1,2 милиони евра.

Велешанецот врбувал стечајци, без имот кои станувале управители на фирми со загуби а по ликвидацијата доверителите и државата останеле без пари

Петар Печков

Велешанецот Томе З. заедно со скопјаните С.Г. и А.Џ. се  осомничени дека ја оштетиле државата за 1,2 милиони евра информираше МВР.  Финансиската полиција поднесе кривични пријави против нив за измама, даночно затајување и фалсификување на документи.

Тројцата измамниците  во претходните две години основале 39 фирми, а како потписници и управители за одреден паричен надомест ангажирале други лица, најчесто стечајци и лица кои немаат имот.  Скопјаните  С.Г. и А.Џ. управувале и раководеле со работењето на 39 правни субјекти, каде биле овластени потписници на банкарските сметки и налогодавачи. 

Откако   истите фирми  ќе ги дотерале во загуба, со неплатени долгови кон доверителите и државата,  за да не фигурираат како основачи и управители на правните субјекти, со помош на велешанецот Т.З. пронаоѓале лица  кои ќе фигурираат како управители.  Тие требало да немаат имот и да се во лоша финансиска состојба а за ова добивале надомест  од 3 до 30 илјади денари. Потоа фирмите завршувале во ликвидација, доверителите и државата немале до каде да ги наплатат побарувањата, бидејќи наводните управители биле стечајци без имот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »