речник контакт

Се гради трпезарија во дворот од црквата Св.Спас

Таа треба да им помогне на вернците за нивниѕе гости при погреби и помени

Петар Печков

Во тек е изградба на трпезарија и кујна во дворот од црквата Св.Спас. Истата ќе има капаците од 80 до 90 гости, и ќе биде на располагање на христијанските верници при погреб или помен на нивните блиски.

Нејзината изградба е со цел да се избегнат зголемените материјални трошоци за одење по ресторани  но и почитување на христијанските обичаи. Трпезаријата ќе треба да биде готова до крајот на месец септември и се гради на местото од постојната , која беше во лоша состојба, скоро руина.

Кориснициет во неа ќе можат да добијат комплетен оброк од ручек до пијалок а при прогреби и варена пченица, блудец, сендвичи, и се што е потребно за овој чин.Во објектот ќе има и санитарен јазол. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »